logo
logo
logo

Лечиќ седум часа на полиграф за обвинувањата за силување: Не давам веќе изјави за медиумите

Vecer | 27.03.2021

Лечиќ седум часа на полиграф за обвинувањата за силување: Не давам веќе изјави за медиумите

Актерот Бранислав Лечиќ, по седумчасовниот информативен разговор во полицијата синоќа во врска со обвинувањата на неговата колешка Даниела Штајнфелд дека ја силувал, за Танјуг изјави дека бил на полиграфско тестирање и дека е задоволен од професионалниот пристап што го покажале службениците и заменик-јавниот обвинител.

„Мојата изјава беше дадена таму каде што треба да биде. Полиграфското испитување е извршено на мое експлицитно барање, а сите информации за кои јавноста е заинтересирана во врска со овој случај може да се најдат на тие адреси – полицијата и обвинителството“,рече Лечиќ, кој ги повика сите медиуми повеќе да не го контактираат на оваа тема, бидејќи немало да дава изјави.

„Само за моите сопартијци кои останаа со мене и за сите оние луѓе што останаа со мене затоа што знаат дека Лечиќ може само да лекува и во никој случај не може да труе и силува. Знајте дека давав изјава седум и пол часа, дека сè одеше професионално и дека го поминав полиграфот“,рече Лечиќ во кратката видео – порака што ја објави на својот фејсбук – профил.

Претходно, портпаролот на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ивана Ракошевиќ, за Танјуг изјави дека Лечиќ дал изјава во полиција во својство на граѓанин, во која тој целосно ги негирал наводите на Даниела Штајнфелд, а Вишото јавно обвинителство продолжува да собира докази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk