logo
logo
logo

Лајчак по средбата за употребата на динарот во Косово: Ќе бидат потребни дополнителни средби

Vecer | 27.02.2024

Лајчак по средбата за употребата на динарот во Косово: Ќе бидат потребни дополнителни средби

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија Мирослав Лајчак денешната средба на претставниците на Белград и Приштина ја оцени како важен прв чекор, но дека се неопходни и други средби бидејќи многу политички прашања остануваат неодговорени.

„Ја поздравувам посветеноста на страните за изнаоѓање одржливо решение за заедниците погодени од неодамнешниот декрет на Централната банка на Косово. Денешниот состанок во рамките на Дијалогот беше важен прв чекор, но многу политички прашања остануваат неодговорени. Ќе бидат потребни дополнителни состаноци. “, напиша Лајчак на мрежата Икс.

Откако тој одделно се сретна со делегациите на двете страни, имаше средба и со финансиски експерти од Србија и Косово, на која се разговараше за можното решение на прашањето за динарот во Косово./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk