logo
logo
logo

Курти очекува меѓународните фактори да ја осудат Србија за неспроведување на договорот од Охрид

Vecer | 21.03.2023

Курти очекува меѓународните фактори да ја осудат Србија за неспроведување на договорот од Охрид

Курти, пренесува Бета, во обраќањето пред новинарите по конференцијата за социјална работа рече дека имплементацијата на договорот од 18 март во Охрид треба да почне веднаш, бидејќи „нема рок кога тој треба да почне со спроведување“.

-Очекувам меѓународните фактори да го осудат однесувањето на Србија, која на состаноците вели дека нема да потпише, а меѓу состаноците вели дека нема ништо да спроведе. Другата страна не може вака да зборува против членството на Косово во меѓународните организации. Дека никогаш да нема да го признае Косово затоа што е основниот договор е де факто признавање, рече Курти.

Косовскиот премиер додаде дека на бриселските средби тој е единствениот кој дава предлози и понуди.

-Давам предлози и понуди кои се одбиваат и на крајот доаѓаме до договор, но тие не потпишуваат. Ќе бидеме во постојан контакт со европските посредници, во постојана комуникација сме со нашите американски партнери и таа формулација треба да ја искористиме за самоуправување на српската заедница за решавање на прашањата кои останаа неисполнети. За нас станува збор за формулација која многу верно и прецизно и припаѓа на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства според Советот на Европа, рече Курти. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk