logo
logo
logo

Курти: Избраните градоначалници мора да работат од своите канцеларии, нема да отстапиме

Vecer | 01.06.2023

Курти: Избраните градоначалници мора да работат од своите канцеларии, нема да отстапиме

„Градоначалниците треба да одат на работа и да работат во нивните канцеларии“, изјави Курти за косовските медиуми. „Мора да имаме нормалност... Која е смислата на јавните згради за владини функционери ако не се користат? додаде тој. Во судирите меѓу српските демонстранти и КФОР во понеделникот беа повредени 30 припадници на КФОР и 52 Срби. Поради насилството, НАТО најави испраќање дополнителни војници на Косово.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во Осло ги повика Косово и Србија да „преземат чекори за деескалација“ на тензиите. „Ние го поддржуваме процесот на евроатлантска интеграција за Косово и Србија, но сегашната ескалација ги попречува, наместо помага, напорите да се придвижи во таа насока“, додаде тој.

Србите одбиваат да ги прифатат резултатите од изборите во април, сметајќи ги за нелегитимни поради слабата излезност од 3,5 отсто. Поради српскиот бојкот, Албанци беа избрани за градоначалници на северот на Косово.

„Тие (градоначалниците) мора да ја напуштат оваа област бидејќи не претставуваат ништо“, изјави вчера Игор Симиќ, заменик-претседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби поддржана од Белград.

Љуљзим Хетеми, градоначалникот на Лепосавиќ, е во неговиот кабинет од рано наутро во понеделникот, а силите на КФОР го чуваат градското собрание зад бодликава жица. Неговите колеги во Звечан и Зубин Поток работат од далечина од нивните села.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk