logo
logo
logo

Ксенија од Хрватска ја обвиниле дека му е неверна на мажот! Со ЕДЕН ПОТЕГ на сите им ги затнала устите

Vecer | 04.08.2021

Ксенија од Хрватска ја обвиниле дека му е неверна на мажот! Со ЕДЕН ПОТЕГ на сите им ги затнала устите

Озборувањето им е омилена дисциплина на многумина, а за да станете тема на муабет доволно е само да поминете покрај некој што има само една работа помалку од вас - на пример, партнер, сопруг...

Жена по име Ксенија од Истра во Хрватска решила на радикален начин да им стави крај на трачевите така што јавно објавила дека не го изневерува сопругот. Нејзиниот гест веројатно не ги запрел муабетите, ама со гаранција станал хит по социјалните мрежи.

„Известување. Се викам Ксенија. Мажена сум и и живеам во складен брак со својот маж. Со месеци наназад се зборува дека сум во љубовен однос со г. Јаков. Нити сум нити некогаш сум била во некаков однсо со г. Јаков. Јавно ги осудувам сите лаги и сплетки“, напишала во соопштението залепено на бандера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk