logo
logo
logo

Кривокапиќ го “паркираше“ Радуловиќ - министерот вратен “рикверц“ од Македонија

Vecer | 26.01.2022

Кривокапиќ го “паркираше“ Радуловиќ - министерот вратен “рикверц“ од Македонија

Незапаметено досега. Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ на владина седница изјавил дека не бил запознат со посетата на црногорскиот министер за надворешни работи на Македонија и побарал Ѓорѓе Радуловиќ, кој веќе пристигнал во Скопје, директно да го информира за плановите на посетата, пишува црногорскиот весник Вијести.

Владата на Црна Гора не ја усвои платформата за посетата на министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ на Македонија, па министерот морал да се врати од Скопје каде што веќе пристигнал.

Шефот на дипломатојата на Црна Гора, според официјалното соопштение на нивното Министерство за надворешни работи, требало да се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со министерот Бујар Османи и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Средбите биле планирани за утре и задутре.

Извор за „Вијести“ вели дека Кривокапиќ на седницата на Владата рекол дека не е запознаен со посетата и дека побарал од министерот директно да го информира за плановите за посетата.

Медиумите во Северна Македонија оценија дека станува збор за дипломатски скандал, тврдат Вијести.

Практиката на усвојување платформи за официјални посети последователно или по враќањето на функционерите не е нова и е карактеристична за претходните влади на ДПС.

Во соопштението од МНР на Црна Гора се вели дека средбите на Радуловиќ со високи претставници во Северна Македонија ќе бидат дополнителна потврда за одличните билатерални односи меѓу Црна Гора и Северна Македонија, кои се карактеризираат со квалитетен политички дијалог, пријателство и континуирана меѓусебна поддршка во рамките на регионалните и мултилатералните формати за соработка.

„Посетата на Скопје, исто така, ќе даде можност министерот Радуловиќ да разговара со претставници на црногорската дијаспора во Северна Македонија за начините на кои матичната земја може да придонесе за реализација на нивните планови и активности, со цел зачувување на националното и националното на Црна Гора и културниот идентитет“ стои на веб-страницата на Владата на Црна Гора

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk