logo
logo
logo

Косовскиот премиер Курти в недела во Тирана

Vecer | 24.03.2023

Косовскиот премиер Курти в недела во Тирана

-Посетата ќе биде неформалната. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со кого ќе имаат заеднички ручек, додека со претседателката на парламентот Линдита Никола, средбата ќе биде во законодавниот дом, наведуваат медиумите.

Посетата ќе биде во функција на поголема заложба на Албанија за лобирање Косово да го признаат пеете земји членки на ЕУ, кои тоа до сега не го направиле, како и членство на Косово во меѓународни организации, пред се ОН.

-На средбите секако ќе стане збор за договорот од Охрид, иако непотпишан меѓу Косово и Србија. Курти ќе го информира Рама и за нештата кои јавно не беа соопштени од средбата во Охрид, посочуваат дел од медиумите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk