logo
logo
logo

Комшиќ води на изборите во БиХ, Изетбеговиќ поразен во сите кантони

Vecer | 02.10.2022

Комшиќ води на изборите во БиХ, Изетбеговиќ поразен во сите кантони

Врз основа на преброените гласови, Денис Беќировиќ сега има 53,06 отсто од гласовите, кандидатот на СДА Бакир Изетбеговиќ 42,88 отсто, а Мирсад Хаџикадиќ 4,05 отсто.

Истовремено, Жељко Комшиќ има 60,2 отсто од гласовите (61.747), а Борјана Кришто 39,8 отсто (40.812 гласови) во трката за член на Претседателството на БиХ од хрватскиот народ.

Кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) за претседател на Република Српска Милорад Додик изјави дека води на изборите за претседател на РС.

„Од 5.000 преброени, предноста во моја корист е 2.200 гласа. (Кандидат на СНСД за претседател на БиХ) Жељка Цвијановиќ води со повеќе од 8.000 гласови“, објави Додик на Твитер.

Гласањето започна во седум часот наутро, а заврши во 19 часот.

Тројца членови на Претседателството на БиХ, 42 претставници во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, 98 претставници во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, 83 претставници во Народното собрание на Република Српска, претставници во собранијата на десет окрузи во Федерацијата БиХ, а се избира претседател и двајца потпретседатели на Република Српска.

Најголемото изненадување на изборите се случи еден час по затворањето на гласачките места. Имено, високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит објави дека наметнал измени во изборниот закон кои се однесуваат на структурата и функционирањето на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата и начинот на донесување одлуки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk