logo
logo
logo

Кој прави КОВИД ЖУРКИ ОДИ НА ОПШТЕСТВЕНО-КОРИСНА РАБОТА ВО КОВИД БОЛНИЦИ...

Vecer | 17.03.2021

Кој прави КОВИД ЖУРКИ ОДИ НА ОПШТЕСТВЕНО-КОРИСНА РАБОТА ВО КОВИД БОЛНИЦИ...

Министерката за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ на Србија, која е член на Кризниот штаб, гостувајќи во вести на тв Пинк зборувала за остри мерки кои стапуваат на сила вечерва по полноќ.

Марија Обрадовиќ истакнала дека суштината е што повеќе граѓани да се вакцинираат, но и да се почитуваат сите правила кои се пропишани поради пандемија на корона вирус уште од минатата година.

- Одговорниот однос на секој поединец може да помогне. Еден дел од јавноста незадоволството го вперува во Кризниот штаб, се е до поединецот. Треба да се носат маски. Важно е одговорно однесување и да се одбегнуваат сите врсти на собирања, прослави...

- Јас знам дека сите сме уморни од ковид пандемија и сити сме од таа приказна. Се е во нашите глави. Суштината е да се пријавуваме за вакцинација во што поголем број.

Обрадовиќ уште еднаш нагласила дека невероватно е што луѓето прават ковид журки во време кога има голем број заразени, поради што е речено дека организаторите на овие забави ќе одат на општествено-корисна работа.

- Дајте, луѓето кои ги кршат правилата да ги испратиме на општествено-корисна работа во ковид болниците, да внесуваат боци, да бидат 8 часа под скефандер како лекарите, па поинаку ќе се однесуваат, бидејќи ваквото однесување е невероватно. Да бидам појасна, ова не се одлуки на Кризниот штаб, јас ви пренесувам за она што зборувавме. Имаше предлог за по остри мерки, но ние мора да балансираме. Кога се би затвориле освен економски штетикои би можеле да се надокнадат, настанува проблем каде што тотално се гаси општеството – истакнала Обрадовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk