logo
logo
logo

Кирил Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај

Vecer | 20.05.2022

Кирил Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај

Аудиенцијата кај папата Франциско, како што објавија бугарските медиуми, е планирана за 23 мај, по што Петков веднаш ќе се врати во Бугарија.

Оваа година делегацијата требала да биде предводена од претседателот на Парламентот Никола Минчев но тој го отстапил својот ред на Петков, кој сакал на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј да демонстира единство со премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и тоа да послужи како знак за симнување на ветото на Скопје.

Идејата на Петков била на 24 на аудиенцијата кај папата со Ковачевски заедно да добијат благослов од папата.

Претходно било планирано на 22 мај заедничка владина седница во Скопје, но е откажана.

Ковачевски пред неколку дена изјави дека нема усогласено заедничко решение што ќе послужи како основа на билатерален договор.

Минатата година преседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев заедно патуваа во Ватикан.

Во 2018 година и тогашните премиери на Бугарија и на Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев заедно го чествуваа делото на Свети Кирил и Методиј. Тие ја посетија црквата „Санта Марија Маџоре" и базиликата „Сан Клементе", каде за првпат бугарски и македонски премиери заедно оддадоа почит пред гробот на Свети Кирил. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk