logo
logo
logo

Хрватски дипломат прогласен за ПЕРСОНА НОН ГРАТА во Србија

Vecer | 20.11.2023

Хрватски дипломат прогласен за ПЕРСОНА НОН ГРАТА во Србија

На 20 ноември 2023 година, Министерството за надворешни работи на Република Србија донесе одлука, согласно член 9 од Виенската конвенција, кој ги регулира дипломатско-конзуларните односи, да го прогласи Хрвој Шнајдер, прв секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, за персона нон грата.

За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо отстапил од рамката на дипломатските норми и ја прекршил гореспоменатата Конвенција. По тој повод, на амбасадорот на Република Хрватска, Хидајет Бишчевиќ му е врачена дипломатска нота.

Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува жалење за постапките на споменатиот дипломат во изминатиот период, што не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот.

Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува очекување дека Република Србија и Република Хрватска ќе работат заедно на градење меѓусебна доверба, со цел постигнување на заедничка европска иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk