logo
logo
logo

Хрватска: Поранешниот министер Берош бара замрзнување на својот мандат во Саборот по апсењето

Vecer | 22.11.2024

Хрватска: Поранешниот министер Берош бара замрзнување на својот мандат во Саборот по апсењето

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, кој е во истражен затвор поради аферата „Микроскопи“, побара од претседателот на хрватскиот Сабор активација на својот пратенички мандат, но истовремено и негово замрзнување од лични причини. Ова го потврди претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања (МИП), Роберт Јанковиќ.

- Со барањето за замрзнување, тој нема да има активен мандат и нема да биде потребно да му се одзема пратеничкиот имунитет, објасни Јанковиќ.

Мандатот автоматски стапува во сила осум дена од поднесувањето на барањето, но соодветната комисија ќе го разгледува ова прашање на седница, која најверојатно ќе се одржи на 2 декември, додека гласањето е планирано за 6 декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk