logo
logo
logo

Хрватска ѝ блокираше едно поглавје на Црна Гора

Vecer | 13.12.2024

Хрватска ѝ блокираше едно поглавје на Црна Гора

Меѓувладината конференција за пристапување, на која Црна Гора ќе ги затвори тие три поглавја - право за интелектуална сопственост, информатичко општество и медиуми и претприемништво и индустриска политика, ќе се одржи во понеделник на 16 декември.

Црна Гора беше технички подготвена да ги затвори четирите поглавја, но Хрватска беше против затворање на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика, објави Индекс.

Минатиот месец Хрватска испрати нон-пејпер (неформален дипломатски документ) до Црна Гора, во кој бара решавање на неколку отворени прашања кои ги нарушуваат меѓусебните односи меѓу двете земји.

Во тој документ, според дипломатски извори, се наведува дека двете земји треба да ги решат прашањата за сопственоста на тренинг бродот Јадран, меѓусебната демаркација, гонењето на воените злосторства, потрагата по исчезнати лица, како и прашањето за името на градскиот базен во Котор, кој го носи името на поранешниот ватерполист Зоран Гопчевиќ, за кого Хрватска тврди дека бил чувар во логорот Морињ.

Новата методологија на пристапните преговори, усвоена на почетокот на 2020 година, предвидува наместо поединечни поглавја, да се отворат неколку кои се поврзани во шест кластери, односно шест тематски целини, додека кога се затвораат поглавјата, тие сепак се затвораат поединечно.

Унгарското претседателство силно се залага за отворање на кластерот 3 со Србија, за што, според Комисијата, таа земја е технички подготвена, но се уште нема консензус меѓу земјите-членки.

Србија денеска не беше на дневен ред на Комитетот на постојани претставници бидејќи осум земји се уште се против отворањето на тој кластер. Тоа се Бугарија, Хрватска, Финска, Шведска, Естонија, Холандија, Летонија и Литванија.

Според дипломатски извори, Корепер повторно ќе се состане во недела и понеделник.

Кластерот 3 вклучува осум претходни поглавја: Дигитална трансформација и медиуми; Оданочување; Економска и монетарна политика; Социјална политика и вработување; Претприемништво и индустриска политика; Наука и истражување; Образование и култура и Царинската унија.

Од тие осум поглавја, Србија веќе имаше отворено пет од нив пред промената на методологијата за преговори. Амбасадорите постигнаа договор и за отворање кластер со Албанија, кластер 6, кој ќе биде отворен во вторник на 17 декември.

Кластерот 6 вклучува две поглавја: Надворешни односи и надворешна, безбедносна и одбранбена политика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk