logo
logo
logo

КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел

Vecer | 02.12.2024

КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел

КФОР потврди дека Приштина побарала овластување за да им дозволи на косовските безбедносни сили да одат  во северниот дел, односно за „потенцијално“ распоредување во „погодената област“ по експлозијата во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац, но тоа барање било одбиено.

Од КФОР, по барање на порталот Коссев за потврда во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека Приштина побарала распоредување на КБС на север во Косово, односно дали добиле барање од Приштина за испраќање на КБС на север, одговори потврдно, јавија српски медиуми.

„Во согласност со обврската од 2013 година потпишана меѓу институциите на Косово и НАТО, институциите во Косово побараа овластување од командантот на КФОР за потенцијално распоредување на единиците на КБС во погодената област на северот на Косово. Командантот на КФОР не даде таквото овластување, врз основа на неговата безбедносна проценка и дејствијата што КФОР веќе ги презеде“, се наведува во одговорот, наведува порталот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk