logo
logo
logo

Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина–Повеќе од 20 починати

Vecer | 04.10.2024

Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина–Повеќе од 20 починати

 Најпогодени се јужните и централните делови од земјата. Најпогодената, Општина Јабланица е буквално проголтана од големи одрони, кои само таму одзеделе 15 жртви.

Критично е и во соседните Коњиц, Кисељак, Фојница и Крешево. Се трага по десетина исчезнати, а спасувачките операции се отежнати поради уништените патишта и мостови. 

-Во Јабланица и долна Јабланица, каде повеќето населени места и дел од Јабланица се отсечени. Целосно е прекинат сообраќајот, задно со железничкиот сообраќај, во делумен прекин е телефонската комуникација. Дојде до сериозни одрони, лизгања на земјиштето до поплави и излевање на реки. Никој од граѓаните да не тргнува кон Јабланица и Коњиц, зашто во прашање се животи. , изјави Адил Шута, министер за финансии во херцеговско – неретванскиот кантон.

-Се надеваме во најдобар исход, со што помалку жртви, за жал според првите информации, имаме човечки животи. , изјави Марија Бухач, премиерка на херцеговско – неретванскиот кантон.

На ниво на целата држава попладнево е прогласена состојба на приватна катастрофа. Според сведоштвата на жителите, големи количини вода од излеаните реки рано утрото ги затекнале в постела, носејќи со себе дрвја, автомобили и цели куќи.

Водата која денеска се повлече во дел од населените места ги откри размерите на катастрофата. Снимките покажуваат пат кој буквално води во бездна или железнички шини кои лебдат во воздух. Луѓето во заробените куќи се извлекуваат со механизација.

 Повозрасните жители велат дека вакви поплави не паметат 70 години, кога тогашната ЈНА со чамци ги евакуирала од домовите.

-Најмалку 10 куќи се урнати. Наводно 4-5 лица се водат за исчезнати. Ги нема.

-Кога станавме имаше вода до овде. За минута водата ни ја однесе цела куќа. Не знаеме ниту еден предмет каде е.

-Го однесе автомобилот наваму. Куќата ја повлече. Еве видете ни папучи не успеав да облечам. , велат жители на Крешево.

Босанските власти донесоа одлука за ангажирање на војската во справувањето со поплавите, чии штети засега не можат да се предвидат.

Вонредната состојба го става во неизвесност одржувањето на локалните избори во погодените опшштини кои треба да се одржат в недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk