logo
logo
logo

Карачиќ: КУЧЕТО ЈА РАЗБУДИ СОПРУГАТА ПРЕД ДА ТРГНЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ... И го спаси животот

Vecer | 08.02.2023

Карачиќ: КУЧЕТО ЈА РАЗБУДИ СОПРУГАТА ПРЕД ДА ТРГНЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ... И го спаси животот

Горан Карачиќ, најмалиот брат на ракометарот Игор Карачиќ, кој брани за турскиот суперлигаш Адана Демирспор бил во Истанбул за време на земјотрсот, а неговата сопруга во Адана, еден од низата градови кои настрадаа во змјотрсот во Турција.

Карачиќ за босански „Аваз“ открил дека кучето во раните утрински часови ја разбудило неговата сопруга, само неколку минути пред слниот земјотрес со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер. Епицентарт беше во Газиантеп, па низа градови во тој регион се разрушени, а силно настрадаа и Адана. Сепак, далеку помалку разураните Газиантеп, Хатај, Дијарбакир и Кахранмарш.

“Сите сме во шок, јас бев во Истнбул, а сопругата остана во Адана. И информациите од таму се катастрофални, во мојот стан ѕидовите се напукнати, не знам. Среќа нашето куче утрото почнало да завива неколку минути пред земјотресот. Така и ја разбудило мојата сопруга, која кога почнало да тресе, само ги земала документите и истрчала на улица. Во Адана е тотален хаос, како и во цела јужна Турција. Адана е полуразурната, а можеби и најдобро помина во однос на останатите градови во целиот регион“, вели Карачиќ.

Голманот е третиот од тројцата браќа , роден е во Мостар, а веќе шест години е дел од Адана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk