Во соопштението од Канцеларијата се наведува дека власта на косовскиот премиер Албин Курти „без никаква правна основа запленила 107 станови наменети за станбени потреби на Србите од областа на Општина Зубин Поток“.
- По инцидентот на каналот Ибар-Лепенец, Курти продолжува да го напаѓа Зубин Поток, бидејќи неговите спинови и лажни обвинувања не одеа најдобро ниту кај меѓународната заедница, па сега се обидува да ги прикрие своите валкани траги предизвикувајќи нова криза и тензии на терен, се истакнува во соопштението./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата