logo
logo
logo

Јошка Броз открил кој навистина е погребан во Куќата на цвеќето: Ми јавија дека умрел, а јас реков НИКОМУ да не кажуваат

Vecer | 17.09.2021

Јошка Броз открил кој навистина е погребан во Куќата на цвеќето: Ми јавија дека умрел, а јас реков НИКОМУ да не кажуваат

Внукот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јоша Броз ја открил некои од најголемите тајни врзани за неговиот дедо Јосип Броз Тито!

Јошка раскажал дека со Тито последен пат зборувал по неговата прва операција во Љубљана.

- Во цела таа мака се сетил дека ми вети оти ќе ми даде еден негов карабин и пиштол за лов. Ме викна кај себе и ми ги даде, рекол своевремено Броз во интервју за Еспресо.

Тврдењата дека официјалниот датум на Титовата смрт е фингиран остро ги отфрла.

- Се покажа дека операцијата беше доцна направена. Гангрената веќе тргнала на бубрезите, па сеса, па вештачка кома... Бранко Лалевиќ го исклучи тој апарат тогаш. Зошто го кажуваат тоа? Тој човек е мртов, зошто постојано го враќаме од гробот? Тоа се глупости. Луѓето мораат да сфатат дека времето на Тито не се враќа, ние тогаш бевме господа, а црвениот пасош беше поим, рекол Јошка.

 

Joška Broz

Тој ги опишал и последните моменти на својот дедо.

- Сега зборуваат дека викал попови, зборувал на странски јазици и пеел некои кинески и јапонси песни. Како се викал кога бил во кома? Луѓе, тој не проговори ниту еден единствен збор, единствено, последната вечер, беше сабота, ја помрднал десната веѓа. Јас во неделата утрото тргнав кон Белград, да земам чисти работи и да завршам некои работи. Само што стигнав ми јавија дека умрел. Само реков никому ништо да не кажуваат додека не стигнам. Веднаш се вратив во Љубљана, јас го ставив во ковчегот и присуствував кога тој сандак беше заварен.

Јовиќ е шарлатан

Броз некогашниот член на претседателството на СФРЈ Борисав Јовиќ го нарекува „шарлатан“ кој ширел лаги за Тито за да продаде повеќе примероци од својата книга.

- Јовиќ изгледа влегол во политиката само за да добие нешто. Правеше политичка сензација заради својата книга и за да продаде што е можно повеќе примероци. Се служи со невистини, а тоа се глупости. Како Тито ги однел документите за Јасеновац во Ватикан и дека Ранковиќ паднал заради тоа.  Дали е тоа човек кој е нормален или скренал.

Тито имаше и една желба пред смртта

 

- На раката му ставив прстен. Тоа беше неговиот прстен. Тој го бараше тоа. Тоа беше прстенот кој го добил како подарок од Сталин и со него беше погребан. После се појави копија од него и беше продавана по Загреб, вели Јошка.

Исто така, го отфрла и тврдењата дека телото на Тито не било во сандакот кој е положен во Куќата на цвеќето и дека место тело имало песок.

- Тоа го изјави шефот на УДБА. Тој човек е луд. Зошто би имало песок? Велат за да не се шири смрдеа. Како да се замириса? Затоа беше и ставен во метален сандак кој потоа беше заварен, па ставен во дрвен ковчег. Не се одвојував од тој санддак додека на него не беше ставена карпата од девет тона, сведочи Јошка Броз.

 

СФРЈ ја разби Милошевиќ

 

Броз има интересно мислење за тоа кој ја разбил СФРЈ.

- Југославија ја разби Слободан Милошевиќ. Не тој лично, но во тоа време почнаа првите несогласувања. Сите сакаа да бидат Тито во своите републики и го имитираа на некој начин. Туѓман облекуваше бела униформа, а Слоба пушеше пура и пиеше виски. Тоа беше нивната цел и затоа ја разбија Југославија. Тој распад им одговараше на светските сили. Зошто? Југославија беше основач на ОН, а кој е денес нејзин господар? Америка. Второ, Југославија беше основач на Движењето на неврзаните, денес тоа речиси и да не постои, а беа две третини од човештвото. Најголема сила беа. Сето му одговараше некому. Многумина работат на тоа да се закрви народот, рекол Јошка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk