logo
logo
logo

Јавни личности од Турција проговорија за експлозијата во Истанбул: Бали бег и Шехерезада испратија силни пораки за трагедијата...

Vecer | 14.11.2022

Јавни личности од Турција проговорија за експлозијата во Истанбул: Бали бег и Шехерезада испратија силни пораки за трагедијата...

Во центарот на Истанбул, во близина на плоштадот Таксим, денеска се случи експлозија во која загинаа најмалку шест лица, а 53 лица се повредени. За оваа трагедија се изјаснија турски јавни личности.

Профилите на Инстаграм на бројни турски актери вечерва се обележани со црната боја и името на плоштадот во Истанбул каде што се случи експлозијата.

Бурак Озчивит, познат како Бали бег од серијата „Сулејман Величествениот“, на својот приказна на Инстаграм го објави хаштагот на Таксим .

Бергуазар Корек, на публиката кај нас позната како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, на Инстаграм напиша: “Проклетство“, и на вистински начин ја изрази својата тага и огорченост за она што денеска се случи во Турција.

Се огласи и познатиот музичар Кенанд Догулу кој им се придружи на јавните личности кои испраќаат поддршка за настраданите во трагедијата.

Турски ѕвезди проговорија за експлозијата во Истанбул...

„Многу ми е жал, толку сум лута“, порача на Инстаграм актерката Хазал Каја, познатата Нихал од популарната серија „Забрането овошје“.

Покрај оваа актерка, свој коментар на Инстаграм објави и ТВ ѕвездата Туба Букујстун, на гледачите позната по бројните улоги во хит серии.

Пораката, обоена во црно со хаштаг и три точки, е нејзиниот начин да ја изрази својата тага поради веста која ја шокираше светската јавност.

Репортерот на Ал Џезира, кој се наоѓа во Истанбул, изјави дека “постојат сомнежи дека експлозијата ја предизвикал бомбаш самоубиец“, нагласувајќи дека “се уште нема официјална потврда“.

Се анализираат записите на сите видео камери по експлозијата и се истражува дали некаде била оставена торба со експлозив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk