logo
logo
logo

ИЗБЕГА ОД ЗАТВОР АЛБАНСКИОТ КРАЛ НА КОКАИНОТ, Дритан Реџепи

Vecer | 27.11.2022

ИЗБЕГА ОД ЗАТВОР АЛБАНСКИОТ КРАЛ НА КОКАИНОТ, Дритан Реџепи

Според јужноамериканските медиуми, полицијата открила дека Реџепи од затворот во Еквадор едноставно води голема глобална криминална организација.

Во Еквадор избегна притвор маж кој важи за еден од најголемите шверцери на кокаин во Европа. Се чини дека му се губи трага од јануари годинава. Албанецот Дритан Реџепи (42) речиси ја одлежа казната за злосторства поврзани со дрога во Еквадор. Но, тој моментално го бара судството во три земји, Белгија, Италија и Албанија, пишува Кримесајт.

Според јужноамериканските медиуми, полицијата открила дека Реџепи од затворот во Еквадор едноставно води голема глобална криминална организација.

Реџепи беше привремено ослободен во ноември 2021 година, под услов на секои две недели да се јавува во полициска станица, да не прави никакви кривични дела и да остане во Еквадор до 26 јуни 2027 година, кога му истече затворската казна. Сега се чини дека тој формално е бегалец во Еквадор. На 23 декември 2020 година, судијата веќе одби да го ослободи предвреме.

Реџепи (исто така под псевдонимите Мутарај Лулезим и Едмир Краја) од 2014 година работи во Еквадор како член на таканаречената компанија Бело, а истата година таму е уапсен. Не долго потоа, во неколку европски земји започнаа големи истраги за меѓународната албанска мрежа на шверцери на кокаин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk