После тоа веднаш е испратено дојава до властите за пристигнување на пиротехничари кои ќе ги неутрализираат проектилите. Граѓаните биле информирани и дека им е забранет пристапот на плажата за да се избегнат можни несреќи.
Поточно, според evima.gr, градоначалникот Јоргос Цапурниотис изјавил дека по чистењето на плажата од страна на екипите на општина Мантуди Лимни, Агиа Ана, на плажата биле пронајдени пет воени проектили.
Војската била повикана на местото на настанот да ја провери плажата. Областа била навреме затворена од полицијата, а за транспорт на муниција или нивно деактивирање на лице место веќе е информирана и специјалната екипа пиротехничари на грчката армија, пишува таксидромос.
Во исто време, општината излезе со соопштение според кое плажата ќе остане затворена за јавноста до понатамошно известување.
"Машината за чистење на плажата ги детектира проектилите. Полицијата веднаш била информирана и дојде на местото на настанот, по што биле повикани пиротехничари. Се разбира, плажата е затворена и секаква употреба е забранета", изјави заменик градоначалникот Јанис Канзурас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата