logo
logo
logo

Истражување: Повеќето Срби се против влезот во ЕУ и го сакаат Путин

Vecer | 30.06.2022

Истражување: Повеќето Срби се против влезот во ЕУ и го сакаат Путин

Влезот би бил поддржан од 34 отсто, а 17 отсто од населението на Србија не мисли дека нивната земја треба да направи отстапки за да се придвижи кон ЕУ.

Ова се резултатите од истражувањето на Демостат „Надворешнополитичка ориентација на граѓаните на Србија“, кое денеска го презентираше Среќко Михаиловиќ, пишува Danas.rs.

Михаиловиќ наведува дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека Србија не треба да ја усогласува својата надворешна политика со политиката на ЕУ, а 33 отсто од нив сметаат дека тоа треба да го направи.

На презентацијата на резултатите, Михаиловиќ рече дека 81 отсто од испитаниците сметаат дека Србија по секоја цена треба да ја зачува неутралноста, а 80 отсто од нив сметаат дека Србија не треба да воведува санкции кон Русија, пишува Danas.rs.

На прашањето за одговорноста за актуелната ситуација во Украина, дури 54 отсто од испитаниците одговориле дека сметаат дека за воената ситуација единствено е виновен НАТО. Само три отсто од испитаниците сметаат дека Русија е виновна, а 17 отсто од нив сметаат дека НАТО сноси поголема одговорност од Русија.

Кога станува збор за српските политичари, 46 отсто од анкетираните имаат најголема доверба во претседателот Александар Вучиќ. Шест отсто од населението на Србија им верува на Здравко Понос и Ивица Дачиќ, а 27 отсто немаат доверба во ниту еден политичар.

Од светските лидери најдобро мислење имаат за рускиот претседател Владимир Путин , 45 проценти од нив. Втор по ред е кинескиот претседател Си Џинпинг за кого добро мислење имаат 12 отсто од испитаниците, а трет е францускиот претседател Емануел Макрон , за кои добро мислење имаат 11 отсто од Србите., пишува Danas.rs.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk