logo
logo
logo

Исчезнат скијач во ски-центар во Грција, пронајден жив по речиси 24 часа

Vecer | 07.01.2025

Исчезнат скијач во ски-центар во Грција, пронајден жив по речиси 24 часа

 Среќен крај имаше исчезнувањето на 23-годишниот скијач, по кој од вчера беше спроведена огромна акција за негово пронаоѓање во ски-центарот Сели во северна Грција, а денеска, нешто помалку од 24 часа од исчезнувањето беше пронајден жив и според првичните информации, во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Младиот скијач веројатно се дезориентирал и се оддалечил од ски-центарот, а нашол засолниште во шумска караула што се наоѓа на поголема оддалеченост и вон границите на ски центарот.

Според грчките медиуми, 23-годишниот е искусен скијач, падобранец и обучен да преживее во тешки услови.

По пронаоѓањето, се очекува превентивно да биде префрлен во болница, а според првичните информации е во добра здравствена состојба.

Скијачот исчезна вчера, откако во ски-центарот се оддалечил од пријателите во друга насока и му се загубила трагата, последен пат го виделе околу 14 часот, го чекале до 16 часот и откако не дошол на договореното место, а мобилниот му бил исклучен, ги информирале надлежните.

Веднаш започнала акција за пронаоѓање на 23-годишниот со учество на спасувачки тим на противпожарната служба со 35 пожарникари и 15 возила, специјално возило, планинарски спасувачки екипи, специјални единици, спасувачко куче, хеликоптер, полицајци, термички камери, како и волонтери.

Пронајден беше од група пожарникари, нешто помалку од 24 часа откако му се загуби трагата, околу 13 часот по локално време. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk