logo
logo
logo

Според австрискиот канцелар

“Има пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија“

Vecer | 25.06.2022

“Има пробив во решавањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија“

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот парламент направил пробив со вчерашната одлука „да се откаже од ветото“ за отворање на пристапните преговори со Македонија во ЕУ.

Тој му честиташе на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков за неговата лична заложба за решавање на ова прашање.

Според Нехамер, одлуката на бугарскиот парламент отвора нови можности и го забрзува решавањето на спорот.

Сепак, канцеларот очекува дискусии на македонска страна.

Верувам дека прашањето може да се реши – вели Нехамер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk