logo
logo
logo

И покрај апсењата на малолетници, нови дојави за бомби во училиштата во Сараево и Тузла

Vecer | 16.10.2024

И покрај апсењата на малолетници, нови дојави за бомби во училиштата во Сараево и Тузла

Од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево за Klix.ba рекоа дека „постојат одредени пораки кои се предмет на проверка во однос на времето кога се испратени и кога се отворени“.

Известен е обвинителот за ова, а полициските службеници активно работат на овој случај. Според неофицијални информации, утрово пристигнала дојава во Maarif International училиштето во Сараево. Средното медицинско училиште во Тузла исто така добило дојава за поставена експлозивна направа.

„Продолжуваат понатамошните активности за документирање и разјаснување на настанот“, изјавија од МВР на Тузланскиот кантон за Tuzlanski.ba. Досега се покажа дека сите дојави биле лажни, а од МВР упатија апел до родителите да се вклучат во решавањето на овој проблем, бидејќи во претходните случаи се покажало дека дојавувачи на бомбите биле малолетници.

Полициските службеници на Управата за полиција на МВР на Кантонот Сараево во текот на ноќта под надзор на обвинителот на Кантоналното обвинителство уапсија двајца малолетници за кои постои основано сомневање дека вчера, но и претходно, лажно пријавувале постоење на експлозивна направа во средни училишта и други објекти во подрачјето на Кантонот Сараево.

Претходно, Федералната управа за полиција и Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево во соработка со Разузнавачко-безбедносната агенција идентификуваа две лица кои пријавувале бомби во сараевските училишта, по што МВР уапси еден малолетник за истото дело.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk