logo
logo
logo

ХРВАТСКА ПРОТИВ ГЕЈ ПАРОВИ ДА ПОСВОЈУВААТ ДЕЦА - Државата ќе се жали од одлуката на судот

Vecer | 07.05.2021

ХРВАТСКА ПРОТИВ ГЕЈ ПАРОВИ ДА ПОСВОЈУВААТ ДЕЦА - Државата ќе се жали од одлуката на судот

Државата Хрватска ќе се жали на одлуката на Управниот суд според која на истополовите партнери им е дозволено да посвојуваат деца.

Министерството за труд, семејство и социјална политика ќе се жали на одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на тој оддел, затоа што на животните партнери Иво Шегота и Младен Кочиќ не им било објаснето зошто не е во интерес на децата да бидат посвоени од нив.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тие, како и досега, ќе ја следат секоја конечна пресуда.

Јутарњи потсетува дека посвојувањето деца од геј парови ја подели Европа: либералната Западна Европа законски го овозможи тоа во последните десет години, а на истокот, традиционалистичките движења во неколку земји успеаја да утврдат во уставот дека бракот е пред се институција на маж и жена и со тоа се забранува истополови бракови да посвојуваат деца.

Се додава дека во просек 76 проценти од граѓаните на ЕУ сметаат дека хомосексуалците и лезбејките треба да ги имаат истите права како и другите граѓани, се вели во истражувањето на Евробарометар во 2019 година.

Ова е зголемување за осум проценти во споредба со 2015 година, со голем јаз во Европа - така мислат 98 проценти во Шведска, а во Романија 38 проценти.

Хрватска е поблиску до посиромашните соседи, со само 44 проценти од граѓаните кои сметаат дека хомосексуалците треба да ги уживаат истите права како и хетеросексуалните граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk