logo
logo
logo

НИШ

ХОРОР: До смрт претепал музичар зашто одбил да го забавува до недоглед

Vecer | 19.05.2022

ХОРОР: До смрт претепал музичар зашто одбил да го забавува до недоглед

А.С. (35) од Ниш е уапсен за сторено кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртен исход, бидејќи крвнички го претепал шеесет и осумгодишниот Ферат А., кој од здобиените повреди починал.

Како што е потврдено, трагедијата се случила на 3 мај, откако осомничениот и жртвата ја поминале вечерта заедно во кафеана во Ниш на улицата Рентгенова, пишува Новости.

- Ферат свирејќи на хармоника цела вечер го забавуваше А.С. Свиреше и пееше за него, а тој ги плаќаше нарачаните песни. Заедно пиеја и се дружеа за во еден момент Ферат да објави дека му е доста и дека повеќе не може да пее. Околу полноќ заедно излегоа од кафеаната, кога, како што се сомнева, збеснал што Ферат го одбил, А.С. брутално претепал несреќниот човек. Случаен минувач околу 3:30 часот го забележал неговото тело и ја известил Брзата помош. Мажот во бессознание бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што набргу починал, велат извори запознаени со случајот.

Како што се дознава, Ферат живеел во населбата Сточни трг, но често престојувал во прифатилиште за стари и немоќни лица. Кривичниот законик пропишува казна затвор од две до дванаесет години за нанесување тешка телесна повреда со смртен исход.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk