logo
logo
logo

ХИТ ОНЛАЈН ЧАС НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ: Додека професорот предава, жена му ползи низ собата

Vecer | 14.04.2021

ХИТ ОНЛАЈН ЧАС НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ: Додека професорот предава, жена му ползи низ собата

Најновиот ХИТ кога станува збор за онлајн наставата доаѓа од соседството. Имено, додека професорот Иван Боричиќ, од Медицинскиот факултет во Белград држел онлајн предавање жена му мислела дека може незабележано да ја напушти просторијата.

Госпоѓата со намера да излезе без да ја видат решила да ползи. И тамам што овој почнал да ја објаснува хемохроматозата, во левиот агол од кадарот се гледа неговата сопруга. Тој веднаш запрел и го прекинал предавањето.

- Морав да прекинам, жената ползеше за да излезе од собата. Она црвеното што го гледате тоа е жена... Мојата... значи..., вели Боричиќ.

И ова не е единствениот хит од него, тој испитот по патологија во јунскиот рок го држеше (согласно ситуацијата) на отворено, во парк, под дрво - и тоа не кое било, туку орев.

- Подобро под орев, отколку онлајн, искоментира тогаш професорот, инаку продекан за настава на Универзитетот во Белград.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk