logo
logo
logo

Грција од денеска ги казнува сите над 60 години, кои не се вакцинирани

Vecer | 17.01.2022

Грција од денеска ги казнува сите над 60 години, кои не се вакцинирани

Новите прописи налагаат сите над таа возраст да плаќаат месечна казна од 100 евра доколку изберат да не се вакцинираат. Регулативата е објавена во ноември.

Државните здравствени власти ќе ги проследат имињата на невакцинираните до финансиските власти за наплата на казните. Парите ќе бидат искористени за помош на болниците во Грција.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека постои лесен начин да се избегне казната. „Вакцинирајте се за да не ја платите казната“, изјави тој за мрежата АНТ1 во интервју минатата недела.

Владата веќе ја гледа мерката како успешна. Од објавувањето на казните пред шест недели, вакцинирани се околу 217.000 лица постари од 60 години. Ова ја зголемило стапката на вакцинација во групата на таа возраст на 90 проценти.

Микотакис ја отфрлил задолжителната вакцинација за другите возрасни групи и рече дека постарите лица сериозно се разболувале од Ковид и морале да одат во болници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk