logo
logo
logo

Грција купува 20 најсовремени американски воени авиони Ф-35

Vecer | 30.06.2022

Грција купува 20 најсовремени американски воени авиони Ф-35

Грција, членка на НАТО, троши повеќе од 2 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана. Во последниве години, таа ја интензивира набавката на воена опрема поради обновените тензии со својот сосед, историски ривал и сојузник во НАТО, Турција.

„Соодветниот документ е потпишан“, изјави еден од изворите. Испораката на авионите ќе започне во текот на 2027 или 2028 година.

Нарачката е потпишана, јавува грчката државна телевизија (ЕРТ), а се очекува да биде доставена до американската амбасада во Атина оваа недела. Ова е првиот чекор во повеќефазниот процес.

Грција и Турција со децении се во конфликт за низа прашања - од преминувањето на Егејското Море, обемот на нивните континентални појаси и поморските граници, до енергетските ресурси и етнички поделениот Кипар.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го спомена купувањето на авиони Ф-35 за време на мајската посета на САД.

Минатата година Атина нарача од Франција 24 авиони Dassault Rafale за 2,5 милијарди евра и три поморски фрегати со опција за четврта за околу 3 милијарди евра.

Државната телевизија објави дека и Министерството за одбрана сака да продолжи со набавка на борбени авиони Ф-16.

Соединетите Држави вчера, еден ден откако Анкара го укина своето вето за членството на Финска и Шведска во НАТО, ја поддржаа потенцијалната продажба на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, велејќи дека силните одбранбени способности на Турција ќе ја зајакнат одбраната на Алијансата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk