logo
logo
logo

ГРЦИЈА ВО КАРАНТИН, и тоа целосен!

Vecer | 10.02.2021

ГРЦИЈА ВО КАРАНТИН, и тоа целосен!

Во соседна Грција од утре изутрина на сила стапуваа нови, построги мерки кои буквално ќе ја парализираат земјата. Нови мерки подразбираат целосно затворање на продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но и училиштата и градинките, ќе нема литургии во црквите, односно ќе бидат без верници, се укинува услугата „click away“, а ќе има и полициски час од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите. Движењето ќе биде возможно само по претходно испратена смс порака, а задолжителна е и употребата на маска.

Поширокиот регион на Атина како што вчера соопшти грчкиот премиер, влегува во строг карантин до 28 февруари, што е речиси идентичен на првиот, во март минатата година, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и генералните секретари од надлежните министерства денеска на прес- конференција детално ги објаснија мерките.

Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила.

Исклучок има за цвеќарниците кои ќе бидат отворени само следниот викенд на 13 и 14 февруари.

Угостителските објекти, кои се целосно затворени веќе три месеци, како и досега ќе можат да работат со достава и со услугата „take away“.

Учениците во Атина, како од основните, така и од средните училишта од утре почнуваат со онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките.

Во државниот сектор за 50 отсто од вработените, задолжителна е работа од дома, додека пак за приватиот сектор, задолжителна е работатат од дома за колку е можно повеќе вработени.

Хардаљас рече дека иако ја разгледале можноста за воведување смс пораката за физичка активност да важи само во рамките на општината во која живеат граѓаните, сепак тоа не било изводливо и нема забрана за движење меѓу општини за индивидуално спортување.

Мeѓутоа, истакна дека препораката е „движењето да биде со мерка“.

Литургиите во црквите ќе бидат без присуство на верници, а за свадби, погреби и крштенки, дозволени се најмногу девет лица .

Јавниот превоз во Атина ќе функционира со 65 отсто од капацитетот, а бродовите со 50 или 55 проценти во зависност од видот.

Во автомобилите и такси возилата дозволени се најмногу две лица.

Хардаљас рече дека освен почитувањето на мерките, важни се и контролите кои ги врши Националната служба за транспарентност на Грција.

Раководителот на службата Ангелос Бинис на денешната прес-конференција рече дека во периодот од 1 ноември 2020 година до 31 јануари 2021 година биле направени 6,5 милони контроли и изречени 153.918 казни во висина 45,7 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk