logo
logo
logo

Грчките власти спасија 91 мигрант од мал остров во реката Еврос на границата со Турција

Vecer | 05.06.2023

Грчките власти спасија 91 мигрант од мал остров во реката Еврос на границата со Турција

Според грчката полиција мигрантите на грчка територија пристигнале со помош на криумчар, кој со чамец ги превезол од спротивниот брег и ги оставил на островот, а станува збор за 32 мажи, 25 жени и 34 деца. 

Мигрантите се во добра здравствена состојба, а грчките власти им обезбедиле облека, храна и прва помош. 

Од кабинетот на грчкиот премиер Јоанис Сармас соопштија дека надлежните власти, „со почитување на националното, ЕУ и меѓународното право, ги преземаат неопходните активности за да се спречи секое нелегално влегување на странски државјани во земјата“. 

-Во последните денови нискиот водостој на реката Еврос го фаворизира илегалниот премин на мигрантите, кои ги користат малите острови што паѓаат и на грчка и на турска територија, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. 

Додадоа дека грчката Влада апелирала до новата турската Влада „да ги координира граничните власти и да спречи илегални преминувања“.

Ова е втор случај за краток временски период, група мигранти да се обидат преку реката Еврос од Турција да влезат во Грција, со оглед на тоа што во четвртокот беа спасени 134 мигранти. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk