logo
logo
logo

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

Vecer | 02.11.2024

Грчките власти им забраниле влез на албанските новинари за да присуствуваат на собирот на Рама

- Новинарите беа запрени со образложение дека не ја запазиле регуларната процедура. Од нивна страна е демантирано ова образложение на грчките власти наведувајќи дека надлежните се известени за имињата на медиумските работници кои ќе одат во Солун, објави Ора њуз.

Според албанските новинари, грчката гранична полиција не им дозволила да поминат без да добијат овластување од грчкото МНР.

- Во меѓувреме во Солун веќе се пристигнати припадници на албанската национална гарда и специјалната единица "Ренеа", кои  заедно со грчката полиција ќе се грижат за обезбедување на настанот, наведува телевизијата.

Средбата во Солун е закажана за 11 часот, а грчките десничарски екстремистички групи најавиле дека ќе протестираат пред салата каде што ќе се одржи средбата на премиерот Рама со албанската дијаспора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk