logo
logo
logo

Грчки медиуми: Атина се подготвува за нови блокади на евроинтеграциите и на ЕУ фондовите

Vecer | 16.07.2024

Грчки медиуми: Атина се подготвува за нови блокади на евроинтеграциите и на ЕУ фондовите

Ова, според грчките медиуми, е дел од „тајното оружје“ кое грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го најави во Вашингтон како одговор на, според него, непочитувањето на Преспанскиот договор.

„Економското гушење што ќе биде предизвикано на соседната земја доколку Грција ја повлече рачната кочница на фондовите на ЕУ кои би биле насочени кон Скопје, веројатно не е нешто од помало значење “, пишува грчки „Капитал“.

Министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис вчера одржа брифинг за надворешнополитички прашања пред политичките лидери и претставници на парламентарните партии, на кој една од темите биле и односите со Македонија, но не се соопштуваат детали од разговорите..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk