Тие се собраа пред општинската зграда на главниот плоштад, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како членовите на општинското раководство на Обреновац, меѓу кои и претседателот Милош Станојевиќ, како го напуштаат Пионирскиот Парк во Белград, каде се наоѓаа учениците кои сакаа да ја следат наставата, пренесува Телеграф.
Медиумите јавуваат дека насобраните пред Општината скандирале „оставка, оставка“ и дека група граѓани фрлале со јајца кон зградата на општина Обрановац.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека четири лица се приведени за напад на службеници и вработени во општината Обреновац и рече дека секој што ќе изврши насилство ќе биде уапсен.
На новинарско прашање за коментар за тоа што се случи пред градската општина во Обреновац, кога функционери на градската општина беа нападнати од група граѓани кои ги гаѓаа со јајца и најавија дека утре во 7:30 часот повторно ќе се соберат за да ја нападнат општината и вработените во неа и дали очекува насилство во другите општини, Вучевиќ рече дека видел пријава од 15 нападнати луѓе од Обреновац.
„Ги опколија како кукавици, како хиени, буквално така напаѓаа, ги видов тие големи херои. 20 против еден човек“, рече Вучевиќ.
Тој додаде дека полека се зголемува агресијата и дека прво почнуваат да фрлаат јајца.
„И тогаш стануваат сѐ поагресивни и се обидуваат, како толпа кога ќе почне, чекаат овој да тргне да се повлече и да побегне, а потоа секако да го претепаат. Мислам дека се работи за заменик градоначалникот, кој се однесуваше достоинствено и не се криеше од толпата и го поднесе она што не е лесно да се издржи.“
Тој рече дека секој што ќе изврши насилство во Обреновац утре и во наредните денови, како и каде било во Србија, ќе биде приведен согласно законот.
„Можете да се соберете, да ги искажете вашите политички ставови, да свиркате и да врескате, „пумпајте“, се е во ред, но кој ќе изврши насилство ќе биде уапсен, точка. Кој ќе изврши насилство ќе биде уапсен. Исто како и јас и вие би биле уапсени за тоа што го правиме“, нагласи Вучевиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата