logo
logo
logo

Вучевиќ: Се што Србија може да направи за Македонија, ќе направи

Vecer | 19.03.2025

Вучевиќ: Се што Србија може да направи за Македонија, ќе направи

Во изјава за белградски медиуми, српскиот премиер Милош Вучевиќ се осврна и на трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека најважно е повредените да закрепнат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија ја понуди сета можна помош и горд сум на тоа како се грижевме за повредените. Војската на Србија и Министерството за одбрана транспортот го организираа на професионален начин. Се надевам дека македонското општество ќе има сила да ја надмине оваа голгота. Раните се уште се жешки. Вчера разговарав со премиерот на Македонија, тие имаат план да ги изведат сите одговорни пред лицето на правдата. Ако го броиме починатиот возач на брза помош, тоа е 60-та жртва. Се што Србија може да направи за Македонија, ќе направи“, додаде тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk