Најмногу проблеми во таа земја направија врнежите во словенечка Истра, но ја зафатија и целата земја.
Словенечката агенција за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за целата земја, кое важи до петок наутро. Со оглед на тоа што може да се влошат и хидролошките услови, Цивилната заштита е во состојба на готовност.
Претпладне и попладне невреме со пообилни врнежи се појави главно во западна и јужна Словенија. Севкупно, најмногу врнежи паднаа на југозападот од земјата, со над 100 мм долж брегот. На друго место, главно меѓу 20 и 60 мм, објави Арсо. Според синоптичарот на порталот 24ур, во словенечкиот дел на Истра за само неколку часа наврнало повеќе дожд отколку во текот на целото лето. На места измерени се дури 150 литри дожд на метар квадратен.
⚠️⛈️ Promet po Sloveniji je na številnih cestah močno oviran zaradi večje količine vode na voziščih!
— Promet.si (@promet_si) September 12, 2024
Voznikom odsvetujemo, da se odpravljajo na obalo, če to ni nujno potrebno zaradi trenutnega stanja in številnih težav na cestah.
ℹ️Več ➡️ https://t.co/KaHWHL0sbD ali app Promet+ pic.twitter.com/k7heGJPmSw
Во Шкофље на западот на Словенија, улиците се целосно поплавени.
Во населбата Шалара во Копер се зголемува нивото на дождовница и се заканува да ги поплави повеќето куќи. Бидејќи водата веќе ги преминува праговите, почнаа првите евакуации, но недостасуваат вреќи за заштита од поплави. На подрачјето на Копер евидентирани се повеќе од сто интервенции, а ситуацијата е многу сериозна, јавува Slovenske novice.
Од брегот пристигнуваат извештаи за поплави и бројни интервенции на терен, а посебна закана е реката Бадашевица, додека ситуацијата во Шалара е критична. Поради обилните врнежи, водата на места веќе ги поплави патиштата, а сообраќајот во Копер и околината е сериозно отежнат. Возачите се предупредуваат да бидат дополнително внимателни поради отворените шахти на поплавените коловози.
Според раководителот на Меѓуопштинската служба за заштита, спасување и заштита на животната средина во Копер, Игор Ракар, околу 14 часот врнежите од дожд во областа Копер и цела словенечка Истра малку се смириле, но нивото на реките и потоците сè уште не почнало да опаѓа. „Во моментов најкритично е во Шалара, а нивото на Бадашевица е исто така многу високо, кое достигнува до врвот на насипот, така што нема повеќе резерва“, изјави тој за СТА.
Поради надојдениот поток кој се закануваше да се излее, градинката во Шалара ги повика родителите да дојдат да си ги земат децата, јави ТВ Словенија. Рано утрото критична била ситуацијата и во градинката во Берток до која родителите не можеле да дојдат. Влезот бил поплавен, па ги повикале пожарникарите, кои со помош на комуналната служба ги исчистиле шахтите за да може да се исцеди водата, изјави еден од воспитувачите за телевизијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата