logo
logo
logo

Голем пожар во популарно турско одморалиште, евакуирани 300 луѓе (ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2022

Голем пожар во популарно турско одморалиште, евакуирани 300 луѓе (ВИДЕО)

274 жители морале да го напуштат својот дом или работно место во Мармарис, рече Кирисчи од популарното одморалиште во медитеранската провинција Мугла. Досега се зафатени речиси три илјади хектари земјиште. Пожарот најпрво избувнал во националниот парк Мармарис.

Лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу истакнал дека регионот е особено ранлив на шумски пожари поради климатските промени и ја обвини владата за неподготвеност. Шумски пожар гори и во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот од земјата, јавува медиумската куќа ТРТ.

Минатото лето огромните пожари уништија илјадници хектари ширум Турција, а најтешко беа погодени бреговите на Егејското и Средоземното Море. Во тоа време, владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше критикувана за лошата подготовка и недостатокот на воздушна поддршка.

Во гаснењето на пожарот помагаат 12 авиони и 45 хеликоптери, рече Кирисчи и додаде дека уште три хеликоптери пристигнуваат од Катар и авион од Азербејџан.

Покрај тоа, Турција, Израел и Кипар испратија авиони и хеликоптери за да помогнат во гаснењето на пожарите во северниот дел, турскиот дел на островот Кипар, објави државната новинска агенција Анадолу. Пожарот избувнал во вторникот во областа Мерсинлик, на околу 83 километри североисточно од Никозија, јави Анадолу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk