logo
logo
logo

ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија

Vecer | 28.10.2024

ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија

ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.сд/

Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk