logo
logo
logo

Гатачка од Србија изнувала пари од девојче - ја лажела дека ќе и умре цело семејство

Vecer | 05.05.2021

Гатачка од Србија изнувала пари од девојче - ја лажела дека ќе и умре цело семејство

Србинка со иницијали М.Е. завршила во италијански притвор затоа што постојано барала пари од малолетничка и ја убедувала дека е урочена.

Гатачката пред апсењето била во домашен притвор затоа што ја убедила малолетната девојка дека е под клетва и дека ќе и се случи нешто страшно ако не и набави пари.

- Меѓутоа, ни домашниот притвор не ја опаметил, па продолжила да ја малтретира жртвата која од страв била потполно потчинета, пренесуваат италијанските медиуми.

Досегашната истрага покажала дека М.Е. на девојчето му велела дека ќе умре.

- Наводно и нејзините родители и цело семејство биле под урок, па и велела дека и тие ќе умрат. Девојчето било истрауматизирано, а инспекторите кои работеле со неа ја убедиле се да открие до најситни детали. Токму затоа и пријавила дека повторно добила закани, пишуваат медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk