- Мислам дека главната порака за нас, исто така и во западна Европа, е дека треба да водиме сметка за Западен Балкан. Мораме да го охрабриме процесот на реформи, но тој не може да трае со децении пред барем една од тие земји да се приклучи на ЕУ, наведе Фриден по пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, каде ќе се разговара за проширувањето на ЕУ.
Тој додаде дека вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан за него бил „особено интересен и исклучително корисен“ и оцени дека тоа беше „многу важен состанок“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата