logo
logo
logo

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Vecer | 01.11.2025

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад и кој ќе биде одговорен за тоа.

„Точно пред една година во 11:52 часот, небото се урна врз железничката станица во Нови Сад, шеснаесет животи беа закопани под тони бетон, а зад нив ѕид од тишина“, напишаа Европските демократи на мрежата X, заедно со слика со наслов „една година, шеснаесет жртви, милиони на улиците“.

Како што додадоа, „не беше судбина, туку небрежност, корупција, неказнивост“, што укажува дека „се уште нема правда, вистина, одговорност“ за тоа.

„Денеска, милиони студенти ќе излезат на улиците. Исто како по железничката несреќа во Темпи, Грција, тие ќе ги постават прашањата од кои системот се плаши - Кој дозволи ова да се случи? Кој ќе биде одговорен за тоа? Ние сме со нив“, пишуваат на мрежата X Европсккте демократи, чии членови во Европскиот парламент припаѓаат на либералната група Да ја обновиме Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk