logo
logo
logo

Еве КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ за промена на уставот во Србија

Vecer | 29.11.2021

Еве КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ за промена на уставот во Србија

Собраниската Комисија за уставни прашања и законодавство денеска одлучи како би требало да гласи прашањето на референдумот за уставни измени.

Според РТС, прашањето е: „Дали сте за потврдување на актот за промена на уставот на Република Србија?

Предлогот е испратен до Републичката изборна комисија која треба да се изјасни по него

Членовите на Комисијата едногласно одлучија какво треба да биде прашањето за кое треба да се изјаснат граѓаните на референдумот, а понудените одговори се „Да“ и „Не“.

Во тек е седницата на РИК на која се очекува мислење, а за еден час е закажана нова седница на Комисијата за уставни прашања и законодавство.

Како што претходно беше најавено, референдумот за промена на Уставот треба да се одржи на 16 јануари 2022 година, а Уставот ќе се менува во делот за правда.

Референдумот ќе се организира според новиот Закон за референдум и народна иницијатива, така што за негов успех нема да биде потребно да излезат 50 отсто од запишаните гласачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk