logo
logo
logo

ЕУ: Затворањето на српските институции на Косово спротивно на обврските кон Унијата

Vecer | 15.01.2025

ЕУ: Затворањето на српските институции на Косово спротивно на обврските кон Унијата

Неодамнешните акции на Косово против и затворањето структури (институции) поддржани од Србија, спроведени во екот на изборната кампања за парламентарните избори на 9 февруари, се во спротивност со неговите обврски кон Европската унија како дел од процесот на нормализација, соопшти Европската унија.

ЕУЛЕКС го следи спроведувањето на тие неодамнешни активности во согласност со својот мандат, се вели во соопштението на портпаролката за надворешни работи и безбедносна политика, Анита Хипер.

Планирано е статусот на српските структури да се реши преку дијалогот предводен од ЕУ.

Косово мора да демонстрира и да остане доследно на своите заложби во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ и неговото неодамнешно повторно обврзување кон него.

Додека, како што е наведено во заклучоците на Советот за проширувањето во 2024 година, ЕУ постепено ќе ги укинува мерките во однос на Косово паралелно со понатамошните чекори на Косово за деескалација на тензиите на север, овие активности не придонесуваат за таа цел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk