logo
logo
logo

ЕУ: Косово ТРЕБАШЕ ДА ИМ ДОЗВОЛИ НА СРБИТЕ ДА ГЛАСААТ на референдум

Vecer | 17.01.2022

ЕУ: Косово ТРЕБАШЕ ДА ИМ ДОЗВОЛИ НА СРБИТЕ ДА ГЛАСААТ на референдум

ЕУ ја критикуваше одлуката да не им се дозволи на Србите на Косово и Метохија да гласаат на референдумот и ги повика Белград и Приштина да постигнат договор што ќе им овозможи на Србите да гласаат на 3 април.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано изјави дека на Србите во Косово требало да им се дозволи да гласаат на референдумот преку механизам поддржан од ОБСЕ.

„Гласањето на Србите во Косово со помош на ОБСЕ одамна е воспоставена практика, која се применуваше неколку пати од 2012 до 2020 година. Жалиме поради одлуката овојпат да не се примени овој добро познат механизам“, рече Стано, пренесува РТС.

Петер Стано ги повика Белград и Приштина да започнат разговори за модалитетите за учество на косовските Срби на изборите во април.

„Иако нема договор меѓу Белград и Приштина за ова прашање во рамките на дијалогот, ние очекуваме страните да започнат преговори за модалитети кои ќе им овозможат на Србите да гласаат на изборите што ги организира Србија во иднина, а ние сме подготвени да посредуваме. изјави портпаролот на ЕУ.

Стано додаде дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не е закочен, туку дека продолжува „секојдневно“, преку контакти со сите страни.

„Високиот претставник Борел минатата недела разговараше со претседателот Вучиќ и премиерот Курти. Тоа што нема средби на највисоко ниво не значи дека нема дијалог. Средба на експертско или политичко ниво ќе се одржи кога ќе дојде време “, рече Стано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk