logo
logo
logo

ЕУ има подготвено нацрт, се очекува Србија и Косово да се договорат за помалку од една година

Vecer | 06.12.2022

ЕУ има подготвено нацрт, се очекува Србија и Косово да се договорат за помалку од една година

Дипломатот, кој сакал да остане анонимен, тврди дека нацрт-предлогот вчера бил испратен и до косовските и до српските власти.

Европската унија очекува дека двете страни ќе постигнат конечен договор за помалку од една година, а планираните временски рокови се јасно наведени во нацртот. „Ова е голем чекор напред во споредба со сегашната ситуација поради многу работи... Тоа не е целосно признавање... но тоа е целосна нормализација на односите“, рече дипломатот.

Во 2013 година, Белград и Приштина се обврзаа на дијалог под покровителство на ЕУ за решавање на отворените прашања, но мал напредок е постигнат. Договорот со Косово е еден од главните предуслови за влез на Србија во ЕУ. „Откако ги сослушавме двете страни, го реконструиравме предлогот“, додаде дипломатот.

Дипломатот ги повика Приштина и Белград „да продолжат со конструктивниот ангажман и да се фокусираат на постигнување неповратен напредок во нормализација“. Косовскиот претседател Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврдија дека остануваат посветени на дијалогот под покровителство на ЕУ.

„Сметаме дека дијалогот што го води Европската Унија и целосно го поддржуваат Соединетите Американски Држави е единствениот начин да се постигне конечен договор, кој би се засновал на взаемно признавање“, рече Османи. Таа најави и дека Косово до крајот на годинава ќе поднесе барање за членство во ЕУ.

„Секогаш сме го охрабрувале дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој мора да се одвива со добра волја од двете страни за да се постигне потребниот напредок во однос на комплетната интеграција на Западен Балкан во европското семејство“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Неодамна дојде до нова ескалација на тензиите меѓу Србија и Косово кога властите во Косово иницираа спроведување на одлуката за замена на српските регистарски таблички во регионите каде што етничките Срби се мнозинство. Според одлуката, српските регистарски таблички би биле заменети со издадени од косовските власти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk