logo
logo
logo

Ердоган во Белград ја нагласи важноста на мирот и стабилноста на Балканот

Vecer | 11.10.2024

Ердоган во Белград ја нагласи важноста на мирот и стабилноста на Балканот

Ердоган престојува во официјална посета на Србија, каде што одржа тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, по која беа потпишани договори за соработка меѓу двете земји.

- Односите меѓу Турција и Србија се во своето златно доба, истакна турскиот претседател на заедничката прес-конференција со Вучиќ.

Тој додаде дека турските инвестиции во Србија во последните 12 години се зголемени од еден милион на 405 милиони долари.

- Разговаравме за регионалната соработка, ја нагласивме важноста на мирот и безбедноста на Балканот и затоа е важно да се има здрав разум во пристапот меѓу Косово и Србија, истакна Ердоган.

Тој се осврна и на соработката меѓу двете земји на полето на одбранбената индустрија.

- Турција и Србија имаат можности да ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија, но само со цел зачувување на мирот, нагласи Ердоган и порача:

- Никој да не се обидува да утврди каква треба да биде содржината на соработката во областа на одбранбената индустрија меѓу Турција и Србија, додавајќи дека тоа ќе го утврдат самите две земји.

Турскиот претседател се осврна и на палестинското прашање. „По 7 октомври 2023 година, девет земји ја признаа државата Палестина. Уште еднаш ги потсетувам земјите кои не ја признаа Палестина да направат таков чекор“, порача тој./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk