Веста во изјава за медиумите ја потврди заменикот директор на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, кој кажа дека експлозијата се случила околу 14 часот и 30 минути.
Елшани информира дека нема повредени, но дека се оштетени најмалку два автомобили.
-Експлозијата се случи зад тунелот број 5. Оштетени се најмалку два автомобили и нема повредени. Засега не се знае каква експлозивна направа е фрлена, изјави Елшани.
Акумулационото езеро Газивода се наоѓа на територијата на Косово, додека помал дел се простира и во Србија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата