logo
logo
logo

ЕДИ РАМА “УДРИЛ“ ПО ЕУ Албанскиот премиер бесен како рис

Vecer | 07.05.2021

ЕДИ РАМА “УДРИЛ“ ПО ЕУ Албанскиот премиер бесен како рис

Премиерот на Албанија присуствувал на годишната конференција “Состојбата во унијата“ во Фиренца.

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека Албанија сеуште не е подготвена да биде членка на ЕУ, но дека одложувањето на овој процес е бесмислен.

Рама на годишната конференција “Состојбата во унијата“ во Фиренца оценил дека се поголем број услови кои ЕУ и ги поставува на Албанија се “шизофрени и бесмислени“, пренесува албански портал АБЦ.

- Сметам дека членството е крупен збор и денес да ме прашаат дали Албанија е подготвена да биде членка, би рекол дека не е. Меѓутоа, она што не го разбирам е одложување на почеток на преговори после одлуката од 2018. да се отворат преговори. Тоа навистина и е потребно на земјата – рекол Рама

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk