logo
logo
logo

ИМЕ МУ Е МАРКО, ПРЕЗИМЕ МАКОВЕЦ: ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан

Vecer | 17.07.2026

ИМЕ МУ Е МАРКО, ПРЕЗИМЕ МАКОВЕЦ: ЕУ назначи главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија.

Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на критериумите за пристапување.

Маковец до неодамна беше шеф на кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Претходно беше директор во Европската служба за надворешно дејствување, каде што беше задолжен за Западен Балкан, Турција, земјите од Европската економска област и за односите со Обединетото Кралство по Брегзит.

Пред тоа Маковец извршувал повеќе високи функции во словенечката дипломатска служба и во Владата на Словенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk